Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мукаетов се повлекува од функцијата претседател на РФМ

/

пред 763 дена

Сподели преку :

Првиот човек на македонскиот ракомет изрази задоволство од развојот на спортот не само центрите каде се постигнуваат најдобри резултати туку и во помалите средини каде се бележи постојано зголемување на интересот.

Во своето обраќање Живко Мукаетов најави дека следното собрание ќе се одржи на почетокот од следната година и дека на него ќе се избира нов претседател и најави повлекување од функцијата на која дојде во 2013-тата година и за неговото име се врзани најголемите успеси на ракометниот спорт во земјава.

На собранието присуствуваше и поранешниот репрезентативец, а сега министер за спорт Борко Ристовски кој најави дека државата ќе продолжи со поддршката, а се со цел ракометот и натаму да биде спорт број 1 во земјата и тој да се врати на нивото од пред четири пет години.