Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Воска Спорт ја продолжи агонијата на Вардар, нов пораз на “црвено-црните”

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Вардар го забележаа вториот пораз во низа, а вкупно трет во првите четири кола од домашното првенство.

Овој пат “црвено-црните” пред своите навивачи се совладани од Воска Спорт со 3:1.

Сите погодоци на натпреварот беа постигнати во второто полувреме, а серијата ја отвори Донарт Ибраими во 53. минута. Само девет минути подоцна Јасмин Мециновиќ ја погоди сопствената мрежа за предност на Воска Спорт од 2:0, а третиот гол за гостите беше дело на Абдулхади Јахја во 66-тата минута.

Почесниот погодок за Вардар го постигна Никола Шаркоски.

ФОТО: Игор Паневски