Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ризикот на Ферари се исплатеше: Леклер славеше пред „тифозите“ на Монца

/

пред 760 дена

Сподели преку :

Шарл Леклер славеше на трката за Големата награда на Италија што денеска се возеше на патеката „Монца“ во рамки на Формула 1 шампионатот. Ризичната стратегија на Ферари донесе резултат пред двата болиди на Мекларен.

Леклер до својата втора сезонска победа, а седма во кариерата дојде откако неговито тим Ферари се одлучи за стратегија со едно влегување во боксот. Коцкањето се исплатеше, бидејќи пилотот од Монте Карло славеше пред двајцата возачи на Мекларен, Оскар Пиастри и Ландо Норис.

Вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц финишираше како четврти, а потоа следуваат Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Џорџ Расел, Серхио Перез, Алекс Албон и Кевин Магнусен.

Ферстапен останува лидер во генералниот поредок со 303 бодови, Норис е втор со 241, а Леклер е трет со 217 бодови.

Следната трка во Формула 1 е за Големата награда на Азербејџан во Баку на 15.септември.