Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еуфорија во Истанбул: Озимен пристигна во Галатасарај (ВИДЕО)

/

пред 762 дена

Сподели преку :

Виктор Озимен оваа сезона ќе го носи дресот на Галатасарај како позајмен играч од Наполи. Нигериецот во последните моменти од трансфер-прозорецот преговараше со Челси и Ал-Ахли, но не успеа да се договори за трансфер, па италијанскиот клуб реши да го исклучи од тимот.

Двете страни направија компромис, па Озимен ќе ја мине сезоната на позајмица во Галатасарај, бидејќи трансфер-прозорецот е отворен до 18.септември. Турскиот тим ќе ја покрива неговата плата од 9 милиони евра, но голгетерот има опција да ја прекине позајмицата во јануари 2025 година ако пристигне добра понуда за трансфер. Откупната клаузула на Озимен со Наполи е 75 милиони евра.

Очекувано, навивачите на Галатасарај синоќа му приредија спектакуларен дочек на фудбалерот, кој за Наполи играше од 2020 година и постигна 76 голови на 133 натпревари.