Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски очекува тендерот за пругата до Бугарија да биде поништен

/

пред 775 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски не открива дали и каде го пријавил обидот за поткуп за тендерот за пругата кон Бугарија. Според него важно е што половина милијарда евра пари на македонските граѓани нема да бидат потрошени за пола тунел кој завршува во слепа улица.

Мицкоски вели дека владата е во комуникација со одговорните во Брисел за да се најде соодветно техничко решение.

Премиерот минатата недела објави дека бил жртва на обид за поткуп во тендерот за пругата кон Бугарија и дека тоа не одело транспарентно со докази туку пркеу канал на комуникација. А информирани биле институциите што треба да бидат информирани.

Во наредните денови на прашањата на новинарите одговори дека одлучил со јавност да се бори со корупцијата и криминалот. Од МВР пак одговараа дека работат на повеќе предмети поврзани со криминал и корупција.

Од Делегацијата на ЕУ за Телма минатата недела одговорија дека ЕУ и Европските банки кредитори внимателно го следат тендерот за пругата кон Бугарија, проект кој е од клучно значење и ја поддржуваат Македонија да го комплетира.

Од ЕУ одговараат и дека не е предвидена пренамена на средствата од коридорот 8 за други проекти или коридори.

Тендерот беше рапсишан во декември лани а за средината на септември беше предвидено да се избере фирмата што ќе ја реализира третата делница.

Пругата Драч Бургас е дел од т.н „НАТО коридор за мобилност“ и е дел од примарната карта на европски транспротни коридори а во последниот извештај ЕК потенцираше дека итно треба да се забрза изградбата на жечезничкиот коридор 8.

Елена Ивановска Мукоска