Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на „Рибља чорба“

/

пред 777 дена

Сподели преку :

По кратко боледување денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Информацијата за неговата смрт ја соопшти токму бендот.

„Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нѐ напушти нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир наш драг Боки“, стои во соопштението на бендот.

71 годишниот Ѓорѓевиќ почина во Клиничкиот центар во Љубљана каде беше примен поради тешко воспаление на белите дробови.