Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија сериозно ослабена пред дуелите со Фарски Острови и Ерменија

/

пред 760 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Торшавн без двајца важни играчи од нападот. Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека Трајковски и Ристовски заработиле повреди и нема да му бидат на располагање на селекторот за претстојните два натпревари од Лигата на нации против Фарски Острови во сабота и против Ерменија во вторник во Скопје.

Наскоро ќе биде познато дали селекторот Милевски ќе повика нови фудбалери во тимот.