Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стопанската комора го повлече првото и испрати ново до премиерот Мицкоски во кое бара измени на Законот за нефер трговски практики

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Доцна попладнево Телма дојде до ново писмо од Стопанската комора до премиерот Мицкоски, со кое тие велат, дека го повлекуваат првото писмо до премиерот, во кое бараа измени, бришење на делови и пролонгирање на примената на Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат профитните маржи на трговците.

По дополнителни консултации со домашните производители на прехранбени производи, затоа што тие сметале дека со законот на најдобар начин ќе се уредат правилата и мерките за спречување на наметнувањето на нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување.

Дополнително од комората, велат дека домашните производители на храна очекуваат дека со законот ќе се прецизираат постапките за утврдување на нефер трговски практики и дека ќе се подобри соработката на надлежните органи за спречување на нефер трговски практики, се вели во новото писмо од Стопанската комора.

Ќе има ли пониски цени? – Неизвесна примената на законот кои ги ограничи маржите, Мицкоски го чека писмото од Азески