Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемените цени на зеленчукот ги погоди трговците, земјоделците се сметаат за најоштетени

/

пред 784 дена

Сподели преку :

Празен е пазарот на големо во Струмица. Полека се затвораат поголемите трговски продавници, а и ситни трговци има сѐ помалку. Наместо гужва и купопродажни разговори, неколку трговци седат пред камионите со земјоделски производи и се надеваат дека ќе наиде некој купувач. Велат дека покачувањето на цените на зеленчукот влијаеше и врз трговијта. Сѐ потешко се вади леб од неа.

Земјоделците, пак, велат дека во целиот ланец на продажба, тие се најоштетени. Цените што се на пазарите и во маркетите не се ниту приближни до тие што ги добиваат како производители.

Освен производителите, од ваквата состојба се засегнати и граѓаните кои последниве неколку години сѐ потешко си дозволуваат свеж зеленчук и овошје и тоа во екот на сезоната. Така, килограм домати на пазарите во Струмица е од 70-110 денари, а килограм пиперки од 80-100 денари. Тука некаде е цената и на краставиците, додека компирот се движи од 30-50 денари за килограм.

Сузана Мицева