Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува низата без победа: Македонија потфрли против Фарски Острови

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација одигра реми 1-1 на гостувањето кај Фарски Острови во рамки на првото коло во Лигата на нации на УЕФА. Повторно затаи реализацијата, но исто така нашиот тим не изгледаше најубедливо на теренот, па овој резултат е силен удар за нашите амбиции да завршиме на првото место во групата 4 во Ц-лигата.

Македонија очајно влезе во натпреварот и веќе по 9.минути игра имавме негатива. Ахмед Иљазовски направи пенал, а Вилјонур Давидсен беше прецизен од белата точка.

Само 10 минути подоцна Дарко Чурлинов имаше неверојатна шанса да го израмни резултатот, па откако го мина голманот, неговиот удар беше спасен од гол-линијата од противнички играч.

На стартот на вториот дел Македонија доби пенал, а капитенот Енис Барди беше сигурен реализатор. Во продолжението имавме уште две огромни шанси да направиме целосен пресврт, но Чурлинов и потоа Лирим Ќамили не погодија.

Нашата репрезентација останува без победа веќе седми натпревар по ред. Во вторник ја пречекуваме Ерменија во рамки на 2.коло од Лигата на нации, противник против кого го имаме последниот триумф од 3-1 на пријателски натпревар во Скопје во октомври минатата година.