Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мартин ја зголеми предноста пред Бањаја со спринт-триумфот во Мизано

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Хорхе Мартин славеше на спринт трката за Големата награда на Сан Марино и тоа пред освојувачот на пол-позицијата Франческо Бањаја.

Мартин доминираше на денешната трка па со победата го зголеми водството во генералниот поредок пред Бањаја, кој денеска беше втор. Франко Морбидели за прв пат во кариерата се искачи на подиумот на една спринт-трка.

Енеа Бастијанини беше четврти, а по него следуваат Марк Маркез, Педро Акоста, Бред Биндер, Џек Милер и Фабио Квартараро.

Утре на трката за Големата награда на Сан Марино во Мизано, Бањаја ќе стартува како прв поради тоа што беше најбрз во утринските квалификации, а зад него се Морбидели, Бецеки, Мартин, Акоста и Биндер.

Во генералниот поредок Мартин ја заголеми предноста пред Бањаја и сега има 311 поени, додека шампионот има 285.