Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче на денот на независноста: Македонија пред многу искушенија, потребна е зрелост, сплотеност и одлучност

/

пред 783 дена

Сподели преку :

И претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честиташе денот на независноста, велејќи дека Македонија денес се наоѓа пред многу искушенија кои бараат од поголема зрелост, сплотеност и одлучност.

„Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд, демократијата. Во ова време на нови предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани, да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество, каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок“, пишува Филипче, честитајќи го 8 септември.