Швајцарска политичарка која е членка на Либералната Зелена партија, објави фотографија на која може да се види како пука во слика од Богородица и Исус. Фотографијата која ја објави Санија Амети на социјалната мрежа инстаграм предизвика голем број на реакции.
Блик ја праша Амети зошто го направила ова, а таа веднаш ја избришала објавата и побарала прошка.
Нејзиното објаснување на Инстаграм гласеше: „За фотографирање на 10 метри ми требаа предмети што беа доволно видливи. При рака го имав само каталогот на Колер, кој беше доволно голем. Не обрнував внимание на содржината на сликите. Се извинувам ако повредив некого!“
Во интервју за Blick, Амети беше уште појасна: „Тоа беше апсолутно глупаво од моја страна. Не размислував за тоа. Многу ми е жал. Барам прошка од луѓето што ги повредив“.
За нејзиното потекло има различни информации. Според швајцарски медиуми таа е родена во Босна и Херцеговина, некои пак дека има косовско потекло.











