Фудбалската репрезентација на Македонија во вториот натпревар од новото издание на Лигата на нации ја совлада Ерменија со 2:0.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски и покрај фактот што во второто полувреме играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ѓоко Зајков, доминираа на теренот и со головите на Енис Барди и Бојан Миовски стигнаа до победа по која Македонија е лидер во групата.
ФОТО: Игор Паневски




























