Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Правните услуги за заемот од Унгарија ќе чинат 70.000 евра

/

пред 780 дена

Сподели преку :

„Трошоците ќе изнесуваат 70 илјади евра и тоа е нормална процедура. Тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале досега како држава за претходни заеми“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за Законот за кредитот од Унгарија. На товар на Македонија ќе бидат трошоци за провизија и правни услуги на приватна фирма која ќе ја избере Унгарија.

Мицкоски нагласи дека од 500 милиони евра колку што е заемот, овие 70 илјади евра се 0,1%.

  • Законот е рамките на собраниската процедура. Од него можете да видите дека сето тоа што кажавме е содржано во законот – 3,25% каматна стапка, имаме три грејс период, развоен закон, 12 години рок на отплата, половина ќе оди кај бизнисот и проекти за општините…Тоа што го ветивме, тоа и го исполнуваме, рече премиерот на прес-конференција во Владата.

Според предлог-законот, заемот од 500 милиони евра ќе се повлече во една транша, со грејс-период од три години. Заемот ќе се отплаќа во 24 полугодишни рати, со рокови на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, се предвидува плаќање на провизија од 0,5% на годишно ниво за неповлечените средства, која ќе се пресметува на дневна основа.

Во писмото кое го придружува предлог-законот, премиерот Христијан Мицкоски го информира парламентот дека Владата го утврдила текстот на предлог-законот на 3 септември, само седум дена пред тој да стигне во Собранието. Владата предлага овој акт да се носи по скратена постапка, што дополнително предизвикува политички дискусии.

Во контекст на овој заем, информациите за сличен заем од 1 милијарда евра што Унгарија го земала од Кина предизвикаа дополнителни реакции. Според „Политико“, унгарската влада позајмила 1 милијарда евра од три кинески банки, но не ја објавила оваа информација. Ова се случува во период кога премиерот Мицкоски го најави заемот од Унгарија.