Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Татко од Охајо до Трамп: „Престанете да ја користите смртта на мојот син за политички цели“

/

пред 769 дена

Сподели преку :

Нејтан, татко од Охајо, му порача на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да престане да ја користи смртта на неговиот син за политички цели.

Ајден Кларк (11) загина минатата година во Спрингфилд во несреќа со училишен автобус што ја предизвикал имигрант од Хаити, пишува Би-Би-Си.

Во вторникот, потпретседателот, Џеј Ди Венс, во објава на „Х“, напиша дека детето било убиено од мигрант од Хаити.

Таткото на Ајден, Нејтан, рече дека објавата повторно отворила сериозни рани: „Го користеа името на мојот син, го користеа за политички цели. Тоа треба веднаш да престане“.

“Мојот син не беше убиен. Несреќно го уби имигрант од Хаити. Оваа трагедија ја почувствува целата заедница, државата, па дури и нацијата. Но, не ја претворајте во омраза”, порача Нејтан.

Ајден загина кога комбе управувано од Херманио Џозеф, имигрант од Хаити без возачка дозвола, случајно удри во училишен автобус. Притоа автобусот се превртел и загинало 11-годишно момче, а повредени се уште неколку деца.

Во мај, Џозеф беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и осуден на затворска казна од 9 до 13 и пол години.

Во понеделникот, кампањата на Трамп објави фотографии од Ајден и Џозеф на „X“ и ја нападна имиграциската политика на потпретседателката Камала Харис пред претседателската дебата.