Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектовиќ: Најголем број од судиите се чесни и професионални. За несовесните и корумпирани нема место во судството

/

пред 779 дена

Сподели преку :

Пред собранаискиот спикер се заколна дека ќе работи совесно и одговорно  а пред медиумите порача дека ќе се залага да напредуваат само професионалните квалитетни и чесни судии. За корумпираните нема место во судството. Новата членка на судксиот совет Џенета Бектовиќ  даде свечена изјава во собранаието. Вели судскиот совет е консолидиран и ги имплеметира препроаките на ЕУ

За несовесни и корумпирани судии нема место во судството, порача новата членка на судскиот совет Џенета Бектовиќ откако даде свечена изјава во Собранието. Бектовиќ која доага од Кривичниот суд вети дека од новата фукција ќе се заложи да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем и во правната држава

Како член на Судскиот совет, особено ќе се залагам при изборот на унапредување на судии во повисоките истанци да се применува исклучиво принципот на меритократија, односно напредување врз основа на квалитет и ќе ги поддржувам професионалните, стручните, совесните и чесните судии и судиите со интегритет. Таков е најголемиот број на судии во државата. А за несовесните и корумпирани судии коишто се во многу мал број доколку истото се утврди во постапка утврдена со закон за таквите судии нема место во судството изјави Џенета Бектовиќ

Бектовиќ доби 287 гласа од 316 излезени судии. Иако беше единствен кандидат смета дека не е доведен во прашање легитмитет на изборот поради големата големата излезеност и бројот на добиени гласови. Тоа го протолкува и како доверба и легитимитет на судиите за постоечкиот судски совет.

Таа седнува во судски во време кога ова тело е под мониторинг  на меѓународната и експертската јавност и се следи  на имплементација на препораките на Оценската мисија на ЕУ. Од друга страна и новата  власт му токми реформи на ова судско тело.

Премиерот повеке пати повторува дека не се откажува од негово распуштање доколку не добие подобри предлози.

Елена Ивановска Мукоска