Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се молиме да истраат и да ги надминат искушенијата – МПЦ-ОА со поддршка за Украинската православна црква која е административно укината со предлог закон од Врховната Рада

/

пред 778 дена

Сподели преку :

Состојбата со Украинска православна црква, која е административно укината од Врховната Рада, беше една од точките на дневниот ред на последната седница на Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Притоа е изразена загриженост што со предложениот закон се оневозможува основното право на верска припадност.

„Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска Православна Црква, која беше административно укината од Украинскиот парламент, со Предлог-законот 8371, и со тоа на милиони верници, кои се црквуваат во таа Црква, им е оневозможено основното право на верска припадност, исповедање на својата вера и вршење на богослужби“, се вели во соопштението на МПЦ-ОА по седницата на САС на 12 септември.

Светиот синод на МПЦ-ОА искажува поддршка на Претстојателот на Украинската Православна Црква, Неговото Блаженство Митрополит Киевски и на цела Украина г. Онуфриј, на браќата архијереи и на нејзиниот верен народ.

„Се молиме семилостивиот Господ да им даде сила да истраат и да ги надминат овие искушенија. Истовремено, Светиот синод се моли за единство на сите Помесни Православни Цркви кои го сочинуваат Телото Христово“, се додава во соопштението на МПЦ-ОА.

Врховната Рада усвои предлог закон – Украина ќе забрани Украинска православна црква поврзана со Русија