Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унгарскиот заем помина комисиски, оди на пленарка

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Законот со кој ќе се овозможи на македонската влада да земе заем од 500 милиони евра од Унгарија ги мина комисиските филтри. На седниците на комисиите за финансирање и буџет и на законодавно-правната комисија не беа присутни пратеници од опозицијата.

Седниците беа свикани од претседателот на Собранието, Африм Гаши, откако претседателката на комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска вчера одби да ја свика седницата, во обид да издејствува законот да се повлече од скратена постапка и да се носи во редовна, со јавна расправа.

На денешната седница се обрати заменик министерот за финансии, кој уверуваше дека кредитот е оправдан и ќе се потроши за проекти на општините кои се заглавени во долгови.

Законот е даден на натамошно одлучување на пленарна седница.