Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украински Генералштаб: Русите изведоа над 4.000 напади за 24 часа

/

пред 768 дена

Сподели преку :

На украинскиот фронт во изминатите 24 часа се регистрирани 143 борбени пресметки меѓу Оружените сили на Украина и единици на руската армија, соопшти Генералштабот на украинската војска.

„Русија вчера со ракета „Искандер-М“ нанесе удари врз позиции на украинските сили и населени места, како и 80 воздушни удари, меѓу кои и лансирање на 117 противвоздушни проектили. Покрај тоа, непријателот изведе 4.323 напади од кои 167 од ракетни салво системи“, се наведува во објавата на Фејсбук.

Агенцијата Укринформ известува дека најголем дел од пресметките биле во правец на Курахов и на Покровск.