Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 103 години регистриран случај на колера во Бугарија

/

пред 767 дена

Сподели преку :

Бугарското Министерство за здравство информира дека во земјата е регистриран случај на колера кај 23 годишен индиски државјанин.

Лицето кое во моментов живее во Бугарија, изминатиот период престојувало во Њу Делхи, Индија, па се претпоставува дека станува збор за увезен случај.

Според информациите на бугарските здравствени власти првично пациентот имал симптоми на лошење и акутна дијареа.

По лабораториски испитувања, е потврдена болеста, а лицето е ставено во изолација.

Заедно со него во карантин е ставено и лице кое во моментот на заразата живеело заедно со него но досегашните резултати од испитувањата се негативни.

Во медицинската установа каде што се згрижени пациентите издаден е налог за почитување на строг антиепидемиски режим, засилена дезинфекција, носење лична заштитна опрема од страна на персоналот, заради спречување на ширење на болеста.

Колерата е многу заразна болест која се пренесува со контаминирана храна или вода.

Се карактеризира со интоксикација, оштетување на тенкото црево, гастроинтестинални манифестации, дехидрација и висока смртност.

Пренесувањето на болеста на луѓето се јавува преку консумирање на загадена вода, храна и нечисти раце и предмети.

До почетокот на 19 век, колера преовладуваше главно во Индија, при што реката Ганг беше главен извор на инфекција.

Од 1920-тите, болеста се прошири во други земји, предизвикувајќи пандемии со милиони жртви.