Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Полска и кучињата добиваат воени привилегии

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Стоејќи со своите водичи, овие 4  кучиња се почестени за нивната зауслуга. Како дел  од вториот Масовски инжинерски полк во Полската Армија добиваат воени чинови, а нив ги доделува началникот на генералштабот на Полската армија, генерал Вислав Кукула.

-Воените чинови се едноставно симболика. Симболизам за да, можеби не самото животно, но и ние да сме свесни дека такво куче е речиси припадник на вооружените сили. Дека тоа не е само алатка за откривање експлозиви, туку е живо суштество“, вели Доминик Плаза портпарол на вториот Масовски инжинерски полк.

Покрај заедничкото работење водичите и живеат со кучињата, а се грижат за нив и кога кучињата ќе остарат и не можат да работат .

-Ова е израз на нашата благодарност како водичи до нашите четириножни придружници кои нè придружуваат во секојдневната работа и ги носиме дома по работното време“, вели војникот Томас Гинс.

Кучињата може да добијат и повисок чин но тој неможе да биде повисок од чинот на водичот.

-Војниците не ги поздравуваат кучињата. Службеното куче не е обврзано со прописите како што се војниците, ракувачот секогаш ќе биде од повисок ранг од неговото куче. Едноставно е невозможно службено куче да има повисок ранг од неговиот ракувач“, вели Доминик Плаза.

Генералот Кукула минатата година одлучи кучињата кои се дел од  Полската армија да добиваат воени чинови , а овој потег беше поздравен од нивните ракувачи.

Овие кучиња првенствено се користат за откривање на експлозиви направи , а Полска како еден од најголемите сојузници на Украина ова лето изјави дека ќе испрати 12 кучиња за откривање на мини.

Мартин Трајчевски