Федералниот суд на САД подигна обвинение против Рајан Весли Рут за незаконско поседување на огнено оружје и поседување на огнено оружје со избришан сериски број, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Рут не смеел да поседува огнено оружје со оглед дека бил осудуван во минатото.
Според американската ТВ куќа, Рут би можел да биде обвинет и за други кривични дела, како и дека ќе му суди федералниот суд, а не суд на сојузна држава.
Осомничениот за обидот за убиство на Доналд Трамп, Рајан Рут се појави денеска во федералниот суд во Пал Бич на Флорида, објави „Си-Ен-Ен“. Во судница пристигна во црна затворска облека, а нозете му беа врзани со лисици.











