Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: Воена цел е и враќање на Израелците во северниот дел на земјата

/

пред 764 дена

Сподели преку :

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху деенска изјави дека воена цел на Владата е и враќање на населението во северниот дел од земјата, од каде побегна поради нападите на либански Хезболах.

Владиниот совет за политика и безбедност одлучи во воени цели да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови, истакна Нетанјаху.

Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран речиси секојдневно се напаѓаат откако почна војната во Појасот Газа. Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни. Поради судирите десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.

Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас во војната против Израел.