Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум судии и обвинители во трка за директор на Академијата за судии и обвинители

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Петмина судии и две обвинителки заинтересирани за директорската позиција во Академијата за судии и јавни обвинители.  Судиите од Кривчен суд Оља Ристова и Ненад Савески, судијата од Граѓански суд Андреј Димовски, судијката од Управен Едита Насковска,  заменик директорот на Академијата кој моментално е и вршител на должноста, Илир Исени, обвнителката од скопското основно обвинителство Спасенка Андонова и обвинителката од битолското вишо обвинителство Ирена Трајкоска Стрезоски се пријавиле на огласот, потврдија од Академијата за Телма.

За дел од кандидатите ова ќе биде и втор обид да застанат на менаџерската позиција во Академијата.  Комисијата од три члена деновиве треба да ги разгледа документите и да подготвија извештај за кандидатите што ги исполнуваат условите по што управниот одбор во рок од 8 дена ќе закаже седница за избор.

Наташа Габер Дамјановска вториот директорски мандат го заврши предвреме со оставка летоска  во која како нестручна и манлива ја посочува  постапка на Антикорупциска потврдена од  управните судови  според кои незаконски во предизборие Академијата продолжила да го спроведува приемниот испит за нови кандидати.

Поради овие одлуки ДКСК иницираше одговорност за Габер Дамјановска но и за Управниот одбор во Академијата.  Институциите кои ги назначуваат членовите на управниот одбор како  Судскиот совет, Советот на јавни обвинителии, здружението на судии и обивнителството  се произнесоа дека  Антикорупциска задоцнила со барањето односно дека иницијативата е ненавремена. Општата седница на Врховниот суд пак донела заклучок дека недостасуваат клучни списи во конкретниот случај кои дополнитлено ги побараа од  Академијата.

Летоска обвинителството изврши претрес и одзема два телефони на вработено лице во Академијата откако отриле индикативна комуникација во мобилниот на разрешениот врховен судија Наќе Ѓеоргиев кој призна дека зел 15 илјади евра од синот на екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев . Од ојо гокк велат дека трае процесот на анализа на податоците извадени од телефоните но не можат да споделат други детали затоа што стнаува збор за предистражна постапка.

Инаку истражителот при претресот вршеле преглед и врз документацијата за седмата, осмата и деветтата генерациија на слушатели чие школување е во тек.а и истражители. Во тие генераци имаше многу звучни имиња но најмногу внимание во јавноста привлече афера поврзана со синот на екс собранискиот спикер Талат Џафери  откако Антикорупциска обелодени дека полагал правосуден предвреме, односно со несоодветна диплома.

Eлена Ивановска Мукоска