Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рома без милост за клупската легенда: Де Роси доби отказ поради лошите резултати

/

пред 747 дена

Сподели преку :

Даниеле де Роси повеќе не е тренер на Рома откако клубот утринава реши да му врачи отказ по слабиот старт на сезоната во Серија А.

„Волчицата“ има само три бодови по четири одиграни натпревари, односно три ремија и еден пораз, што за раководството на клубот е неприфатливо.

Де Роси седна на клупата во клубот, каде што мина 17 години како играч, во јануари 2024 година наследувајќи го Жозе Мурињо. Успеа да ги подобри резултатите и за тоа беше награден со нов двегодишен договор од Рома.

Сепак, очајниот старт на новата сезона придонесе Рома да му врачи отказ и да бара нов тренер.