Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина италијанскиот херој на СП 1990 година – Тото Скилачи

/

пред 747 дена

Сподели преку :

Поранешниот италијански фудбалер Салваторе „Тото“ Скилачи почина денеска на 59 годишна возраст. Легендарниот напаѓач на „аѕурите“ од 2022 година се бореше со ракот, но ја загуби битката.

Скилачи стана култен лик во италијанскиот фудбал по неговата фантастична претстава на Светското првенство во 1990 година што се играше токму на Апенините. Тој беше прогласен за најдобар играч и воедно беше најдобар стрелец со шест голови.

Клупската кариера ја започна во Месина, а потоа играше и за Јувентус и Интер, а негов последен клуб беше Џубило Ивата во Јапонија. За репрезентацијата на Италија одигра 16 натпревари и постигна седум голови.