Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Села бара и Уставниот суд да одлучува со Бадентер

/

пред 771 дена

Сподели преку :

Уставниот суд да одлучува по Бадентеров принцип, бара Зијадин Села од Алијанса за Албанците, како одговор на вчерашната одлука на судиите, да ги стопираат вработувањата по етнички клуч додека не ја оценат нивната уставност.Предлага овој начин на одлучување да биде само за одреден тип на закони.

Села не им верува на владејачката „Вреди„ дека ќе поднесат закон за правична застапеност, но вели дека, ако навистина го сторат тоа, и ако е добар, ќе го прифатат.

Од „Вреди“, пак,  најавија закон и остро реагираа на одлуката на уставните судии, за кои велат дека сите, без исклучок, се избрани со гласови на ДУИ, кои имаат  потреба за создавање на меѓуетнички проблеми и дестабилизација. Реагираа и од Партијата за движење на Турците, кои се загрижени  за  поларизацијата на етничка основа во самиот Уставниот суд. Укажуваат дека, во изминатите години балансерот бил злоупотребуван од сите етникуми, но велат дека, тие нуделе решенија за подобрување. Бараат владата да најде нов модел кој ќе ги минимизира злоупотребите.

Уставниот суд, по вчерашната одлука за оценување на уставноста и времената мерка, со која се прекинуваат вработувањата по етнички клуч во администрацијата, ќе побара мислење од Собранието, Владата и Министерствата за администрација и за политички систем, кои заедно ја имаат донесено методологијата.Рокот за изјаснување е 10-15 дена, по што ќе изготват реферат.

Тие што распишуваат или веќе распишале конкурси, треба да проверат, ако содржи некои од оспорените одредби, да не преземаат ништо до конечната одлука на судот.

Поведена е постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, и Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас при вработување во јавен сектор, за кои мнозинството судии сметаат дека, ги загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на национална припадност и достапноста на работни места за сите граѓани.

Далиборка Демјанска