Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарската партијата „Преродба“ со предлог- декларација со осудува на говорот на омраза од официјално Скопје

/

пред 770 дена

Сподели преку :

Бугарската партијата „Преродба“ до тамошното Собрание ќе поднесе предлог- декларација со која се осудува заживувањето на говорот на омраза од официјално Скопје.

Ова го изјави Костадин Костадинов по повод последователните навреди од страна на вицепремиерот Александар Николоски кон бугарските политичари, објави bntnews.bg.

Како што се приближува кон крајот на 50. Собрание, ќе треба да се свика вонредна седница бидејќи декларацијата мора прво да помине преку надворешна комисија, рече тој.

Главчев: тонот кој го користи Македонија нема да и помогне да стане членка на ЕУ

Сметам дека тонот кој го користи Република Северна Македонија нема да и помогне да стане членка на Европската Унија, изјави денеска во Софија бугарскиот технички премиер Димитар Главчев.

  • Бугарија е предвидлив партнер, лојален на ЕУ. Нема со што да ги изненадивме останатите земји-членки. Го поддржуваме проширувањето и европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Доволно компромиси направивме со националниот идентитет. Република Северна Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ, изјави Главчев.

Борисов побара оставка од Николовски, тој му возрати дека e обвинет за криминал не е достоен да бара негова оставка

Во истовреме европратеникот од редовите на ГЕРБ за бугарските медиуми изјави дека за информирале Европската народна партија за однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ и дека ќе иницираат процедура за исклучување на таа партија ЕНП.

„Мислам дека тие на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес, партијата на Орбан. Тоа си е нивна желба и тие многу се оддалечуваат од вредностите на ЕНП и европската демократија“, вели Ковачев за bntnews.bg.