Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чесите гласаа на изборите и покрај поплавите

/

пред 760 дена

Сподели преку :

Во Чешка денеска во 14 часот беа затворени избирачките места, каде Чесите и покрај катастрофалните поплави на истокот на земјата, од петокот попладне избраа вкупно 675 советници во 13 од 14-те региони на Чешка. а дополнително, на третина од нејзината територија беа одржани дополнителни избори за Горниот дом на Парламентот.

Владата одлучи да не ги одложува изборите поради поплавите бидејќи ќе мора да прогласи вонредна состојба, за која смета дека нема правна основа.

МВР помогна да се гласа во пет од 35 најтешко погодени општини кои не можеа сами да го направат тоа.

Избирачките комисии и медиумите проценуваат дека нешто повеќе од 30 отсто од гласачите излегле на гласање, делумно поради поплавите, но главно поради тоа што Чесите и онака не се заинтересирани за регионални избори.