Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норис победи во Сингапур пред Ферстапен и Пиастри

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Ландо Норис беше најбрз на трката за Големата награда на Сингапур во рамки на Формула 1 шампионатот. За британскиот возач на Мекларен ова е трета сезонска победа со која успеа да ја намали разликата во однос на лидерот во генералниот поредок Макс Ферстапен.

Норис денеска на патеката „Јас Марина“ доминираше од почеток до самиот крај. Ја имаше пол-позицијата и успеа да го задржи лидерското место до црно-белото знаме. Втор низ целта со повеќе од 20 секунди задоцнување финишираше Ферстапен од Ред Бул, додека на подиумот имаше за уште еден возач на Мекларен, а тоа беше Оскар Пиастри.

Четврти беше Џорџ Расел, а по него следуваат Шарл Леклер, Луис Хамилтон и Карлос Сајнц. Во бодови влегоа и Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг и Серхио Перез.

Ферстапен останува лидер во генералниот пласман со 311 бодови, Норис е втор со 279, а Леклер е трет со 245 бодови.

Следната трка во Ф1 е закажана за 20 октомври кога се вози Големата награда на САД во Остин, Тексас.