Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руско МНР: Украинската војска уби најмалку 31 цивил во курската област

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Во украинската офанзива врз рускиот регион Курск до 5 септември загинаа најмалку триесет и еден цивил, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Додаваат и дека во истиот период за време на офанзивната операција на украинските сили се повредени 256 лица.

Украина на 6 август ја изведе најголемата офанзива извршена на руска територија од Втората светска војна, наведуваат британските медиуми.

Украинските копнени единици ја преминаа границата во западната руска област Курск, придружени со беспилотни летала и артилериски оган, вклучително и вооружени системи од западно производство, забележуваат британските медиуми.

Според информациите од Москва, од 6 август до сега од Курскиот регион се иселиле околу 131.000 цивили.