Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прашањето „Дали важат дадените па повлечени аболиции“ повторно пред судиите во ЕСЧП

/

пред 767 дена

Сподели преку :

Помилувањата на екс претседатлеот Иванов повторно пред Судот во Стразбур. Екс градоначалникот на Битола Владимир Талевски од „Транспротер“ и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и обвинетиот Коста Митровски од „Титаник“ поднеле апликација за нефер судење.

Откако лани Европскиот суд за човекови права не даде одговор на клучното прашање дали дадените па повлечени аболиции важат, односно се произнесе дека апликација на обвинетите од предметите на СЈО била преуранета затоа што  сѐ уште не го искористиле последниот ефикасен правен лек во земјава – Врховниот суд оние обивнети кои го поминаа и овој филтер повторно тропнале на вратата на Стразбур.

Дел од објавените прашања на страната на ЕСЧП кои треба да ги одговори и државата, а произлегуваат од жалбите дали можело да им се суди, со оглед на помилувањата на претседателот дали таргетираа конкретни лица, дали помилувањата се неотповикливи, дали законот со кој беа поништени помилувањата е компатибилен со владеењето на правото и дали судиите од Врховен биле непристрасни.

Една од следните фази во постапката пред Европскиот суд е спогодба со државата, но адвокатот Влатко Илиевски не очекува тоа да се случи.

Според досегашното искуство Илиевски не очекува наскоро да има одлука.

Лани судот во Стразбур ги одби жалбите на обвинетите во предметите „Таргет Тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“, затоа што овие предмети во тоа време сè уште ги немаа поминато сите судски инстанци во земјава.

Елена Ивановска Мукоска