Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОБНОВЕНО: Најмалку 492 загинати во израелските воздушни напади ширум Либан

/

пред 758 дена

Сподели преку :

(ОБНОВЕНО) Најмалку 492 лица загинаа во досега најсериозната ескалација на судирот меѓу Израел и Хезболах во Либан кој се заканува да прерасне во отворена војна.

По минатонеделните експлозии на електронски апарати за комуникацијата ширум Либан, Израел денеска започна со бомбардирање на позиции на Хезболах, не само во пограничните области, туку и длабоко на територијата на Либан, додека Хезболах одговори со истрелување ракети кон Израел.

Утрово Израелските одбранбени сили започнаа проактивна офанзивна операција. Во основа, мета е борбената инфраструктура која Хезболах ја градеше изминатите 20 години. Ова е многу значајно, напаѓаме цели и се подготвуваме за следните фази, кои подоцна ќе ги образложам. Во крајна линија, сѐ е фокусирано на создавање услови за враќање на раселените на северот во нивните домови, изјави шефот на израелскиот генералштаб херзи халеви.

Израелските власти неколку недели ја најавуваа следната фаза со која ќе се смени балансот на моќта на северната граница.

Официјалната цел на Израел е враќање на раселените граѓани во северниот дел на земјата, кои мораше да ги евакуира по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година и интезивирањето на судирите со Хезболах, кој веднаш потоа започна да гранатира во поддршка на Палестинците во Газа.

За тие кои не сѐ уште не сфаќаат, сакам да ја појаснам израелската политика, ние не чекаме да се појави заканата, ние ја предвидуваме, секаде, на секој фронт и во секое време. Елиминираме високи функционери, елиминираме терористи, елиминираме ракети, и нема да застанеме на тоа. Секој што ќе не повреди, ние ќе го повредиме уште потешко. Ветив дека ќе го смениме безбедносниот баланс, балансот на моќта на северот, и токму тоа го правиме. Уништуваме илјадници ракети чија мета се израелските граѓани, порача нетанјаху.

Израелската армија ги предупредува цивилите во Либан, давајќи им рок од два часа да ги напуштат областите кои ги таргетира. Ова создаде километарски колони возила додека десетици илјади Либанци бегаат пред израелските бомбардери упатувајќи се кон средишниот дел на земјата.

Израелските воздушни напади доаѓаат само неколку денови по серијата координирани експлозии на пејџери и безжични радија кои повредија стотици припадници на Хезболах.

Овој разузнавачки продор беше тежок срам за либанската организација, и како што најавија неколку израелски и американски разузнавачки извори, беше само најава за многу посериозна воена операција на Израел против Хезболах.

Многумина стравуваат од избивање на многу поголема војна во регионот, војна која може да ги вовлече и САД и Иран, но очигледно Израел пресметал дека Хезболах е доволно ослабен за да се обиде и му нанесе максимална штета.

Игор Трајков