Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриевски на „радарот“ на Барселона како замена за Тер Штеген

/

пред 739 дена

Сподели преку :

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно е интересен за Барселона. Каталонците бараат замена за повредениот Марк Андре тер Штеген, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната поради тешка повреда.

Димитриевски летово се пресели од Рајо Валјекано во Валенсија, но на „Месталја“ моментално е втор голман, бидејќи Ѓорѓи Мамардашвили остана во клубот на позајмица иако потпиша за Ливерпул. Во минатото Барселона беше заинтересирана за Димитриевски за да му ја додели улогата на втор голман, па гигантот сега повторно се врти кон Македонецот откако остана без првата опција на голот, Тер Штеген.

Шпанските медиуми најавуваат дека Димитриевски во јануари би дошол во Барселоона на шестмесечна позајмица од Валенсија, но клубот разгледува уште неколку голмани. Барем засега голот на Каталонците ќе го брани резервистот Ињаки Пења, но во јанари клубот ќе се обиде да ангажира уште еден искусен голман, а Димитриевски останува една од најсериозните опции.