Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцевски: Непобитни се доказите, обвинетите не однесоа до телата на Вања и Панче

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Непобитни се доказите против обвинетите за грабнувањата и убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во разговор за Телма откако на почетокот на главната расправа во Кривичниот суд тие се изјаснија за невини. Кога беа приведени Боре Видевски, Влатко Кешишев и Велибор Манев признаа вина и ја одведоа полицијата до метата каде беа закопани жртвите.

А првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кој тогаш не беше достапен за органите на прогон сега се бранеше пред судот дека доказите на обвинителството се базираат на лажен исказ на еден од обвинетите со цел да избегне доживотен затвор, алудирајќи на Кешишев кој прв ќе биде фатен од полицијата.

„Обвинетиот може да се брани на начин на којшто ќе процени дека на него најмногу му одговара. Што значи може да каже вистина. Може да каже полувистина. Може да каже невистина. Самиот обвинет и неговата одбрана си формира  теорија на случајот. Во конкретниот случај обвинетите уште на почеток ја покажаа локацијата на оштетените Панче и Вања, што значи дека тоа е непобитен доказ“, вели Коцевски.

Коцевски додаде дека обвинителството има доволно вербални и материјалните докази за да докаже дека сите се виновни за делата за кои се товарат. Според него, законот е јасен и сите процедури при првиот распит на Видевски, Кешишев и Манев се запазени без разлика што сега тие кажуваат поинаку.

„Освен нив  не можело никој друг да ја знае локацијата со оглед дека тие се теретат за извршување на кривичните дела“, додаде Коцевски.

Според обвинението, велешанецот Панче Жежовски бил убиен за да се искористи неговиот Цитроен во грабнувањето на Вања, а крајната цел била да се присили нејзината мајка Зорица да даде парични средства за откуп. Но, девојчето ќе биде убиено само два часа по нејзиното грабнување на 27 ноември, минатата година.

Во случајот е обвинет и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски за помагање при грабнување. Следното рочиште за случајот е закажано за 7 октомври кога како сведок е повикана Зорица Ѓорчевска, како и роднини на Жежовски.

Марија Митевска