Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Власта со помош на ДУИ ги укина предвремените избори за градоначалници

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Спикерот Африм Гаши нема да распише предвремени избори за градоначалници во општините Сарај, Аеродром и Гостивар. Со 83 гласа за и 17 против, како и Бадинтерово мнозинство од 24 наспроти 3 гласа, изменет е Законот за локална самоуправа кој наложуваше изборите да се одржат до Нова Година, бидејќи избраните градоначалници станале пратеници или министри. Според новите одредби, советникот кој е назначен привремено да ја врши улогата на прв човек во општината, ќе продолжи да го прави тоа до редовниот термин за избори во октомври 2025-та.

Ова е системски закон за кој треба да гласаат најмалку 80 пратеници. Повторно, власта мораше да се потпре и на гласовите на Европскиот фронт. Нивниот главен аргумент е заштеда на средства кои треба да се насочат кон граѓаните.

-Имајќи предвид дека ние имаме спор околу легитимитетот на национален аспект,  уставните измени кои никаде не се споменуваат, а нормално и да не трошиме дополнителни средства кои може да бидат користени за градинки и училишта. Ние имавме многу амандмани и тоа го предложивме во ребалансот, па верувам дека во буџетот што ќе следи тие средства ќе се потрошат за доброто на граѓаните изјави Блерим Беџети

 И покрај секојдневните вербални препирки меѓу ДУИ и владеачките партии, ова е втора значајна поддршка на Европскиот фронт за проектите на Владата. Во јуни, со помош на нивните гласови, беше обезбедено дво-третинско мнозинство за менување на Законот за органите на државната управа, што овозможи кабинетот на Мицкоски да брои 20 наместо 16 министерства. За возврат, во август беше изгласана потребата од ад хок Комисија за правична застапеност. Комисијата се уште не е формирана, но договорено е со неа да раководи ДУИ.

Соња Николовска