Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА донесе одлука: „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето во ЛШ во 2027 година

/

пред 739 дена

Сподели преку :

Извршниот комитет на УЕФА му ја одзема организацијата на финалето во Лигата на шампиони на стадионот „Сан Сиро“ во Милано поради тоа што градските власти не можат да гарантираат дека домот на Милан и Интер ќе биде реконструиран.

„Сан Сиро“ можеби важи за култен стадион во светот на фудбалот, но моментално е далеку од модерните арени и не ги исполнува сите строги барања на УЕФА за организација на финалето во Лигата на шампиони во 2027 година.

Поради фактот што плановите за реконструкција на стадионот се ставени во мирување, УЕФА реши да ја поништи апликацијата на миланскиот стадион и повторно да го објави конкурсот за организација на големото финале што треба да се одигра за три години. Се очекува новиот домаќин да биде објавен во мај или јуни 2025 година.

„Сан Сиро“ претходно четири пати беше домаќин на финалните натпревари во 1965 и 1970 година додека натпреварувањето се викаше Европски Куп, а во новиот формат во рамки на Лигата на шампиони се играа финалиња во 2001 и 2016 година.

Финалето оваа сезона ќе се одржи на „Алијанц арената“ во Минхен, а во 2026 година домаќин ќе биде „Пушкаш арената“ во Будимпешта.