Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шенгенскиот договор е доведен во прашање поради безбедноста на Европа

/

пред 756 дена

Сподели преку :

Додека Европската унија се подготвува да ја прослави 40 годишнината од потпишувањето на Шенгенскиот договор во 2025 година, неодамнешните мерки на Германија. Tие се поврзани со проширувањето на ограничувањата и граничните контроли и инспекции под изговор за борба против криминалот и нерегуларните миграциски текови  претставуваат удар за слободата на движење на Европејците и оживување на старите сомнежи за иднината на европската интеграција.

На официјалната веб-страница на Шенгенскиот договор се наведува дека, и покрај тоа што Договорот беше широко прифатен, потегот кон укинување на граничните контроли меѓу европските земји набрзо наиде на бројни практични тешкотии поради обемот на задачата, бројот на земји опфатени со Договорот и релевантните технички аспекти.

Договорот беше потпишан во близина на општината Шенген во Луксембург, а првично параф ставија Белгија, Франција, Германија, Луксембург и Холандија. Беа потребни речиси 10 години за Договорот да стапи на сила, а уште 20 земји се приклучија на првичните потписнички во следните децении. Шенген зоната им овозможува на граѓаните од 59 земји во светот да влезат во неа без виза. Ова дополнително го зајакна статусот на Европската унија како една од најатрактивните дестинации за туристи во светот.