Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши доби нов рок,  да свика седница што ќе преиспита негово лично толкување

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Социјалдемократите му дадоа нов рок на претседателот на Собранието, Африм Гаши, до крајот на неделава да свика седница на Комисијата за деловничко имунитетни прашања, која ќе треба да преиспита негово лично толкување на деловникот.

Ќе треба да одлучат, дали ги прекршил собраниските правила, кога одби да ја свика Комисијата за труд и социјала откако нејзината претседателка, Илире Даути, ја свика седницата но не го стави Законот за бранителите на дневен ред.

Бараат да се протолкува примената на членот 126, став 3 од Деловникот, на кој се повикува Гаши кога вели дека не може повторно да ја свика седницата.

Доколку седницата не биде свикана, ќе причекаат „разумен период – до крајот на неделава“, пред да преземат понатамошни чекори.

Од кабинетот на Гаши не одговараат ниту на прашањата на новинарите. Постојано го повторуваат истото објаснување дека, со тоа што Даути еднаш веќе ја свикала седницата, се исцрпени деловничките можности, тој не може да го стори тоа повторно.

Овој закон предизвика искри и во владејачката коалиција, откако пратеникот од „Вреди„, Халил Снопче, рече дека доколку се донесе, ќе ја напуштат коалицијата, а премиерот му посака среќа.

Страстите ги смируваше министерот за здравство, кој од Њујорк порача дека, односите меѓу владините партнери се коректни и дека така и ќе продолжат, но и дека е потребна почеста консултација и синхронизација меѓу нив.

Денеска и од Демократски сојуз побараа овој закон да го поддржат сите партии, неместо да се користи за подгревање на меѓуетнички тензии.

Далиборка Демјанска Цветановска