Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Нов пораз на Вардар, Силекс ги освои трите бода на Градски

/

пред 739 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Вардар го забележаа четвртиот пораз во шампионатот, а втор последователен на домашен терен. Овој пат на арената Тодор Проески, Силекс славеше со 1:0.

Во натпревар кој некогаш беше големо дерби на македонскиот фудбал, Вардар и Силекс одиграа потпросечен натпревар кој беше решен во четвртата минута од судиското надополнување кога Дарко Додев го совлада домашниот чувар на мрежата.

Погодокот на Кратовци предизвика многу контроверзи. Прво судијата Димитар Пилешков ја прифати сугестијата на помошникот Ристо Ѓорѓиев кој сигнализираше офсајд, но по разговорот меѓу двајцата арбитри на крајот голот беше признат и Силекс стигна до трите бода.

ФОТО: Игор Паневски