Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Комитите повторно во елемент, фудбалерите на Вардар не возвратија со победа

/

пред 739 дена

Сподели преку :

Како и на сите натпревари фудбалерите на Вардар повторно имаа огромна поддршка од трибините. Комитите му дадоа посебен шарм на дуелот кој некогаш беше големо дерби на македонскиот фудбал.

Навивачите на Вардар неколку пати направија навистина прекрасна атмосфера со кореографија и пиротехника, а во еден момент беше направен и мал огномет над западната трибина.

За жал на најверните навивачи на “црвено-црните”, фудбалерите на теренот повторно потфрлија на домашен терен и овој пат беа поразени од Силекс со 1:0.

Навивачите на Вардар уште еднаш покажаа дека во секоја ситуација им даваат максимална поддршка на фудбалерите и уште еднаш потврдија дека се вистинскиот дванаесетти играч.

ФОТО: Игор Паневски