Американскиот претседател Џо Бајден, заедно со меѓународните партнери, ја потврди својата посветеност да и помогне на Украина во обновата на земјата.
Ние сме посветени на Украина да и ги обезбедиме ресурсите што и се потребни за да се изгради посилна отколку што беше порано, рече Бајден на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Не е тајна дека руските напади предизвикаа значителна штета, рече американскиот претседател, но, додаде „ Украина е економски отпорна“.
На синоќешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Бајден претстави декларација на повеќе од 30 земји и ЕУ за поддршка на реконструкцијата на Украина, пренесува германската агенција ДПА.
Целта на декларацијата е Русија да биде повикана на одговорност за штетата и за обновата на Украина на долг рок.











