Унгарскиот премиер Виктор Орбан од вчера е во посета на земјава, а денеска во Охрид ќе оствари тет а тет средба со премиерот Христијан Мицкоски. Со него заедно пристигна голема владина делегација.
Во тек се предвидените билатерални средби меѓу владините делегации. По денешните средби најавена е и заедничка прес – конференција на двајцата премиери во текот на денот.











