Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат нападите меѓу Израел и Либан, нема спогодба за примирје

/

пред 754 дена

Сподели преку :

Продолжуваат нападите помеѓу Израел и Либан, иако вчера владееше оптимизам за примирје од страна на западните земји за прекин на огнот, тој се урна по вчерашната објава на Нетанјаху дека Израел ќе продолжи со нападите кон позициите во Либан, се додека не се отстрани заканата за жителите од северните делови на земјата, за да тие безбедно се вратат во своите домови.

Денеска на генералното собрание на ОН ќе се обрати премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, додека претходно во ОН се обрати министерот за надворешни работи на Либан кој повика на итен прекин на огнот, предупредувајќи дека континуираното насилство на границата на неговата нација може да се претвори во „црна дупка што го проголтува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“.

„Либан моментално доживува криза што го загрозува неговото постоење и иднината на неговиот народ, неговата благосостојба и просперитет, и бара итна меѓународна интервенција пред работите да излезат од контрола, и да паднат како меѓусебно поврзаните домино, и неможноста да се задржи и разоружи. Тие се претвораат во црна дупка која го голта регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“ изјави либански министер за надворешни работи, Абдала Бухабиб.

Персоналот во болниците на југот на Либан се соочуваат со голем притисок поради зголемениот број пациенти од израелските воздушни напади, кои предизвикаа значителни штети во регионот. Најмалку пет лица загинаа, а над 125 се ранети, во градот Саксакие,  вклучувајќи многу деца со тешки повреди, а лекарите известуваат за недостиг на основна опрема и лекови.

Во тек се меѓународни напори да се преговара за прекин на огнот, францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека би било „голема грешка“ доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одбие примирјето предложено за Либан. Предлогот што е направен е солиден, рече тој на прес-конференцијата во Монтреал со канадскиот премиер Џастин Трудо, прецизирајќи дека предлогот е подготвен заедно со Нетанјаху и со САД.

Oд ОН известуваат дека над 30.000 либански жители пребегале преку границата во Сирија, додека 80.000 раселени лица во моментов се сместени во околу 500 засолништа во Либан како резултат на тековното израелско бомбардирање на земјата.

Од почетокот на неделава израелските сили вршат интензивни воздушни напади низ Либан. Во бомбардирањето загинаа над 700 луѓе, а повеќе од 2.000 се ранети. Израелската армија интензивно се подготвува на северната граница, стационирајќи илјадници војници за евентуална копнена офанзива што би значело ескалација на тензиите и можен поширок регионален конфликт од кој стравува светот.

Теа Димковска