Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болницата во Гостивар се организира за евентуален наплив на пациенти

/

пред 2282 дена

Сподели преку :

Откако почна да расте бројот на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје, болницата во Гостивар се организира за евентуален наплив на пациенти. Пред Инфективното одделение поставен е шатор, кој ќе служи како мобилна амбуланта за тријажа на пациенти, со цел да се намалат гужвите на инфективно.  Вчера и денес потврдени се 23 нови случаи, од кои 15 се во општина Гостивар, 6 во општина Врапчиште и 2 во Маврово и Ростуше.

            Собирите во изборната кампања, но и доаѓањето на печалбарите ќе значи уште повеќе луѓе на јавни места, во дуќани, угостителски објекти итн, со што ќе расте и ризикот од ширење на коронавирус, велат медицинските лица.

На тетовското подрачје, пак, бројот на заразени со ковид континуирано расте. Денес е регистриран нов кластер, семејство од Тетово. Токму градот и околните села се жариште на вирусот, бидејќи деновиве најголем број од новодијагностицираните пациенти се од општина Тетово. Денес дури 13, дополнително регистрирани се по еден случај во општините Желино, Брвеница и Јегуновце. Проблемот со криењето контакти постојано е актуелен.

Од Клиничката болница од Тетово уверуваат оваа институција ги поседува сите инфраструктурни и човечки капацитети за успешно справување со состојбата и зголемениот број на пациенти дијагностицирани со ковид -19.

Данијела Билбиловска