Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крајната десница ја однесе победата на изборите во Австрија, но неизвесно е формирањето влада

/

пред 751 дена

Сподели преку :

Победата на крајнодесничарската Партија на слободата на националните парламентарни избори е за прв пат по Втората светска војна. Сега политичката иднина на Австрија е неизвесна, бидејќи тешко ќе се формира владина коалиција. Австриската крајнодесничарска Партија на слободата ја отвори вратата за нова ера, им порача лидерот Херберт Кикл, додека тие ја славеа изборната победа. Неговата партија освои 29,2% од гласовите според прелиминарните резултати, односни при проценти се пред конзервативната Народна партија со 26,5%, но далеку е од освоено мнозинството. Победата на Кикл последна во низата изборни успеси на екстремната десница во Европа.

  • „Ние навистина ја отворивме оваа врата. Ја отворивме вратата за нова ера. Сега навистина заедно ќе го напишеме ова ново поглавје во австриската историја. Го интернализиравме принципот дека народот е прв, а потоа канцеларот. Чувството за време на дискусиите со другите, не знам, тие беа малку во шок и се однесуваа како да не се случиле овие избори, ќе им дадам уште два-три дена да размислат, па да се надеваме дека ќе се вразумат, би сакал да кажам тоа е и во нивни интерес“ – Херберт Кикл, лидер на Партијата на слободата.

Партија на слободата претходно беше во коалиција со второпласираната Народна партија, која одби да учествува во влада предводена од Кикл. Тој е поранешен министер за внатрешни работи, кој ја води Партијата на слободата од 2021 година, сега цели да биде канцелар. Главниот ривал на Кикл, актуелниот канцелар Карл Нехамер од конзервативците, рече дека е „невозможно да се формира влада со некој што обожава теории на заговор“.

  • „Јас бев многу јасен. Според мене, она што важеше пред изборите мора да важи и по изборите. Никогаш не сум ја исклучил ФПО како партија. Како демократ, мислам дека тоа не е точно. Но, јас отсекогаш велев, со Херберт Кикл, кој верува во теории на заговор, кој ја обвинува СЗО дека е следната светска влада и состанокот во Давос дека е подготвителен состанок за доминација во светот – не можете да управувате со државата разумно и одговорно со него. И јас сè уште стојам на тоа“ – Карл Нехамер, австриски канцелар.

На изборите имаше висок одѕив од 74,9 отсто, крајната десница ја искористи загриженоста на гласачите за имиграцијата, инфлацијата, за војната во Украина. Според аналитичарите најголема поддршка и дале оние на возраст од 35 до 59 години. На трето место се левичарските социјалдемократи со 21 отсто. Владата во заминување – коалицијата на партијата на Нехамер и Зелените – го загубија мнозинството во Долниот дом на парламентот. Според познавачите политичката иднина на Австрија е нејасна, бидејќи тешко ќе се формира владина коалиција.

  • „Тие испаднаа пред владејачките конзервативци откако ја искористија загриженоста на гласачите за имиграцијата и инфлацијата. Но, шансите на партијата да владее се неизвесни, бидејќи австрискиот канцелар Карл Нехамер и другите постојано велеа дека нема да се приклучат на коалицијата предводена од лидерот на екстремната десница Херберт Кикл, кои ја очекуваат Австрија следните неколку недели и месеци кои се пред нас, па политичката иднина на Австрија е нејасна“ – Стефани Лихтенштајн, Асошиетед прес.

Честитки веќе пристигнаа од лидерите на десничарските европски партии, меѓу првите беше Марин Ле Пен, која истакна дека по изборите во Италија, Холандија и Франција, овој подем повлекува одбрана на националните интереси. Спротивно на тоа, Меѓународниот комитет за Аушвиц ја гледа победата на десницата како загрижувачки развој на настаните. За преживеаните од Холокаустот ова е нова алармантна фаза на нивните стравови и грижи. ФПО е основана во 1950-тите од поранешни членови на нацистичките СС дивизии и други ветерани на германската војска. Претседателот на партијата Херберт Кикл им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, ќе им служи како „Volkskanzler“, што значи „народен канцелар“, прекар што го користел Адолф Хитлер.

Билјана Ставрова