Израелската армија синоќа изврши воздушни напада врз јужните делови на главниот град на Либан, Бејрут, соопштија либанските безбедносни сили. Претходно израелската армија предупреди дека ќе напаѓа објекти на Хезболах во јужните предградија на Бејрут и ги повика граѓаните да се евакуираат.
Утрово израелската армија почна „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан.
Израелската војска во соопштението наведе дека „прави сè што е потребно за да ги заштити граѓаните на Израел и да ги врати безбедно жителите на северен Израел во нивните домови.











