Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентските амфитеатри од година во година се попразни, најголем пад на бројот на студенти во државните универзитети

/

пред 759 дена

Сподели преку :

Вие сте иднината и со конкретни проекти ќе го унапредуваме образованието им порачаа македонските политичари на бруцошите на државните Универзитети во земјава на првиот академски час.

Но, студентските амфитеатри од година во година се попразни покажуваат податоците на Центарот за граѓански комунакции.

За само 10 години бројот на студенти се намалил за над 7.000, најголемиот пад се бележи токму на државните Универзитет за 22 отсто.

Додека на приватните и верските високообразовни установи има зголемување на бројот на студенти. На најстариот и најголемиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ на бруцошите им се обрати лично премиерот Мицкоски, додека на штипскиот „Гоце Делчев“ ресорната министерка Јаневска.

Најголем број од студентите во земјава и годинава се запишани на Медицинските факултети и Информатичките, а штипскиот Универзитет„Гоце Делчев“ од денеска вратите ги отвара за 1.500 бруцоши.

Ресорната министерка од Штип на студентите им порача дека ќе работат на подобар студентски стандард, за колку ќе се зголеми оброкот ќе зависи од буџетот за 2025 година. Додека за наставниците планирано е зголемување на платите, но засега преговорите со Синдикатот е на ниво на дискусија и на утврдување на методолгијата.

Викторија Јованова