Да се свика итна седница на Советот на Општина Струмица и да се разгледа состојбата со кризата со питка вода во, побараа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Советникот Владимир Ристов вели дека мора да се извадат сите факти за состојбата со фабриката за вода, а во меѓувреме анализи се прават и на водата во браната Турија. ВМРО-ДПМНЕ вели дека локалната власт нереагирала навреме за да се намалат штетите врз граѓаните.
Градоначалникот Костадинов на вчерашната прес-конференција рече дека секојдневно се прават анализи на влезната вода во пречиситителната станица, но и на излезната со цел да се види дали има промени. И тој бара проблемот да се анализира без собирање политички поени.
Анализи во моментов се прават и на водата од водоснабидетелниот систем во општина Василево. И оваа општина се снабдува со вода од браната Турија, но засега нема забрана за користење на тамошната вода. Резултатите од тие мерења ќе овозможат полесно да се лоцира евентуалниот проблем, односно дали причина е водата во брана Турија или пречиситителната станица.
Сузана Мицева











